Со особено задоволство Х.Е.Р.А. ја организира Младинската конференција Вклучи се: Сексуални права за сите, која што ќе се одржи во месец јуни од 19 до 21 во Охрид, х. Белведере.
Х.Е.Р.А. и Младинскиот центар „Сакам да знам-Шуто Оризари“ Ве покануваат на театарската претстава „Шетам со лажно лице“. Претставата произлегува од неколкумесечната работа на десетина млади луѓе во рамки на театарската работилница на Младинскиот центар „Сакам да знам - Шуто Оризари“ . Автор на текстот и театарската игра е Санела Емин.
Потребата од абортус е легитимна потреба на секоја жена и секогаш ќе постои.
Абортусот станува небезбеден и почест само кога е забранет.
Во текот на минатата година се отвори јавна дебата за абортус. Накратко можеме да ги забележиме следните случувања:
-непотпишана, агресивна, постојана и пред се скапа постер кампања во две фази: првенствено со застрашувачки и монструозни слики од фетуси, а потоа емотивна кампања со која се слави животот преку претстави на мајка и бебе
-изјаснување на ставовите на македонската православна црква, преку колумни на челни претставници и обраќања за време на христијанските празници со кои нашата црква ги копира готовите модели на католичката црква осудувајќи ги жените на чедоморство
-поддршка на кампањата од страна на интелектуалци претходно познати по своите либерални погледи на свет
-владата отвора тендер за кампања за преставување на последиците од абортус
-најава во медиумите за менување на постојаниот закон за прекинување на бременоста и воведување мерки за целосна забрана на абортусот во Македонија
-појава на невладина организација регистрирана пред еден месец која јавно ги застапува ставовите на кампањата за укинување на абортусот поради зголемување на наталитетот и избегнување на гревот.